TQM (Total Management Quality) - управување со тотален квалитет. Тоа е основна придвижувачка сила која ги намалува производните трошоци, ги зголемува перформансите на производите, а со тоа и задоволството на купувачите. Производната и Финансиската база, Искуството и Дистрибутивната мрежа за примена на TQM.
Квалитет на производ:
Производите се дизајнирани и произведени по високо прецизни стандарди. Ова е основното значење на концептот за квалитетен производ кој се базира на следниве постулати:
- Нови технички решенија;
- Избор на најквалитетни добавувачи, и
- Конкуретни производни капацитети.
Денес пазарот побарува производи изработени со голема прецизност. Во производните погони овие барања се остваруваат со Manufacturing Excellence Program базиран на:
- Флексибилни производни линии;
- Тотално превентивно одржување;
- Непрекинато обучување и усовршување на вработените.
Квалитетот на производите редовно се прати, а резултатите се собираат и доставуваат до менаџерските структури. Поради тоа производите играат основна улога во капиталната опрема на купувачот.
Квалитет на услуга:
За нас, квалитет на услуга значи:
- Испорака на производот во договорениот термин;
- Познавање на потенцијалните проблеми на купувачите;
- Обезбедување на брза и професионална техничка поддршка;
- Перманентно скратување на времето за понуда, обработка на порачките, изработка на техничка документација и прототипови.
Глобално ниво:
Основата за создавање на тотален квалитет е глобалниот систем со своите правила и процедури врз база на кои се одвиваат сите активности во сите организациони единици, така да купувачот го добива најдобриот квалитет на производи и услуги без разлика во кој дел на светот тие се продуцираат. Тоа значи дека:
- Единствена политика на квалитет;
- Единствен стандардизиран менаџмент;
- Единствена структура на производниот процес;
- Развиена глобална мрежа на дистрибутери.
За нас тоталниот квалитет е содржан во сите пори на работењето! |