Без оглед на тоа какви се вашите потреби АЛС-Б може да ви помогне да го добиете најсоодветниот лежишен склоп за вашите производи. Ние ви нудиме поширок асортиман на лежишта,заптивни елементи, ремени, мерни инструменти.... Во секое време сте добредојдени да ги споделите нашите искуства во технологијата. Нашите инженери имаат широки познавања не само од областа на дизајнот на машините и лежиштата, туку и од вашата индустриска гранка. Тие работат со вас за да вашите машини бидат покомпактни, посигурни, полесни за монтажа и одржување. Тие можат да помогнат да се забрза тестирањето на прототиповите, да се намалат трошоците и да се забрза пласманот. Откако сте го направиле најсоодветниот лежишен склоп, нашите инженери можат да ви помогнат да обезбедите работење без проблеми. Нашите производи за контрола на условите на работење, системите за подмачкување и експертизата во организирањето на одржувањето, помагаат проблемот да се открие пред тој да се појави, а со тоа го зголемува работниот век и ги намалува трошоците за одржување. Ние можеме да ги подобриме и вашите проекти.
Тимови на инженери за контрола на квалитетот постојано патуваат од фабрика во фабрика, контролирајќи го секој чекор на производниот процес.