Системите за централно подмачкување имаат функција да го донесат мазивото од еден централен извор до поврзаните места за подмачкување на машините или машинскиот систем. Оваквото решение ги сведува триењето и абењето на минимум, ги елиминира потенцијалните опасности од рачно подмачкување и ја оптимизира потребната количина маст. Ова исто така побарува многу мало одржување – периодично полнење на резервоарот со маст и визуелен преглед на поврзаните точки се единствено неопходни задачи врзани за одржување.
Системите за подмачкување вклучуваат широк асортиман на производи за подмачкување како со масло така и со маст. Секој од нив може лесно да се интегрира со ситемот за пратење на состојбата, како операторите би имале целосен увид во работењето на системот за подмачкување, вклучувајќи и статус на пумпа и ниво на мазива.

Зошто автоматско подмачкување?
Системите за автоматско централно подмачкување донесуваат многу погодности за функционирање на машините или системите, од кој најзначајни се:

  • Сигурна работа – рамномерно дозирање маст или масло за подмачкување во точно дефинирани временски интервали
  • Долг работен век – спречување на влез во зона на преголеми и премали количини мазива
  • Заштеда на мазива – Смалена потрошувачка на мазива (и до 70%)
  • Заштеда на потрошена енергија – Намалени оптеретувања на погонските мотори
  • Безбедна работа – Елиминирање на рачно подмачкувања на тешко дотапни и опасни места


Централно подмачкување
Понудата во областа за подмачкување во индустријата опфаќа:

  • Техничка поддршка во одбирање на адекватни мазива
  • Пресметка и давање препорака за правилни интервали на подмачкување
  • Одбирање адекватен систем за подмачкување и техничко решение
  • Проектирање и монтажа на адекватниот систем за подмачкување
  • Монтажа на системот, пуштање во работа и подесување на работните параметри на системот
  • Обука на корисниците за ракување со системот и одржување