Основната форма на топчестите лежишта постои уште од раните Романски времиња. Меѓутоа, вистинското откривање настанало во 19тиот век со откривањето на велосипедот. За да му се олесни на возачот, тркалата требало да се движат полесно, што довело до развој на топчестото лежиште.

  • 1907 Младиот шведски инженер Sven Wingquist го претставува пред светот своето прво самоподесливо топчесто лежиште. Истата година е основана и компанијата СКФ во која биле вработени 15 лица. Скромниот почеток покажал произведени 2 200 лежишта и губиток од 5 371 SEK. Но, најважно од сe било дека СКФ е во "игра".
  • 1908 Отворени се канцеларии во Германија и Франција, а назначени се агенти за продажба во Финска, Швајцарија, Данска, Австрија и Австралија. Во фабриката на СКФ во Гетеборг имало 100 работници и се произвеле 45 000 лежишта. Започнало производството на аксијално топчесто лежиште.
  • 1909 Мрежата на канцеларии и агенти во целиот свет сe повеќе се зголемува. Производството се удвојува.
  • 1910 СКФ има една фабрика и 325 вработени од кои 15% работат надвор од Шведска.
  • 1911 Отворање на прва фабрика на СКФ надвор од Шведска, во Лутон, Велика Британија.
  • 1912 СКФ има претставништва во 32 земји, најмногу во Европа, но и во Токио, Мелбурн и Мексико. Отворена е првата истражувачка лабораторија во Гетеборг, Шведска.
  • 1913 Отворени се канцеларија и фабрика во Данска.
  • 1914 Отворен е Центарот за Техничка Поддршка. Канцеларии се отворени во Норвешка, Белгија, Холандија и Русија, како и нов продажен пункт во Јужна Африка.
  • 1915 Почна производството на т.н. Волво лежиште (топчесто едноредно лежиште со канал за подмачкување).
  • 1916 СКФ ја купи Hofors Bruk, со чија помош ќе се произведува високо квалитетен челик за лежишта. Исто така купи еден од малкуте останати производители на топчести лежишта и куќишта - СКФ Katrineholm.
  • 1918 Arvid Palmgren го промовираше буресто валчестото лежиште - силно самоподесливо лежиште наменето за железничка опрема. СКФ има 12 фабрики, претставништва во 100 земји и 12 000 вработени.
  • 1919 - 1924 Се зголемува производната програма која сега се состои од бурести, цилиндрични и конусно валчести лежишта. Годишното производство постигна нов рекорд од близу 6.5 милиони лежишта.
  • 1926 AB VOLVO, фирма под раководство на СКФ го започна експерименталното производство на автомобили.
  • 1929 СКФ купи уште една добро позната Шведска инженерска компанија - Lidkoping Machine Tools AB (LMT). Превземени се 7 Германски фабрики за топчести лежишта и основана е фирмата Vereinigte Kugellagerfabrik под раководство на СКФ.
  • 1930 СКФ има 12 фабрики и 21 000 вработени од кои 66% работат надвор од Шведска.
  • 1931 Производството во Германија се концентрира во Schweinfurt и Cannstatt.
  • 1934 Почна производството на едноредни и дворедни топчести лежишта со кос допир.
  • 1935 AB VOLVO станува независен од СКФ.
  • 1938 Почнува производството на склопот-лежиште со главчина, дворедно топчесто лежиште со кос допир за автомобилски тркала.
  • 1940 Пронајдено е буресто валчесто аксијално лежиште - самоподесливо лежиште дизајнирано за тешки аксијални оптоварувања.
  • 1943 Канцелариите во Бразил и Аргентина се под раководство на СКФ.
  • 1947 Теоријата на СКФ за пресметување на животот на лежиштето е публикувана од ИСО и е прифатена како светски стандард. Две нови фабрики се отворија во САД.
  • 1948 После Втората Светска Војна повторно се воспоставува производството во Schweinfurt и Cannstatt.
  • 1950 СКФ има 18 фабрики, 31 000 вработени од кои 66% работат надвор од Шведска. Почнува изградбата на фабриките во Франција и Шпанија. Се проширува производната програма и сега се произведуваат скоро сите тркалачки лежишта и некои сродни производи како куќишта, седла за притегнување, и сл.
  • 1957 СКФ го купува Hellefors Jernverk. Го завршува и својот најголем проект во историјата на компанијата - изградбата на фабриката со врвна опрема за производство на топчести и валчести лежишта во Гетеборг.
  • 1963 Изграден е истражувачки центар во King of Prussia, САД.
  • 1964 Во Poona, Индија е отворена фабрика за тркалачки лежишта
  • 1965 СКФ купи две третини од акциите на Италијанската компанија за производство на тркалачки лежишта RIV и основана е RIV - СКФ.
  • 1967 Во Гетеборг формирано е Главното Седиште на Групацијата со цел поедноставување на административната работа, зголемување на меѓународната соработка и координација на производството.
  • 1970 СКФ има 68 фабрики, 67 000 вработени од кои 78% работат надвор од Шведска.
  • 1972 Основан е Центарот за Истражување и Инженерство во Nieuwegein, Холандија.
  • 1975 СКФ ја зајакнува својата позиција во снабдувањето во авионската индустрија преземајќи 66% од акциите на SARMA (Societe Anonyme de Recherches de Mecanique Appliquee).
  • 1979 СКФ го претставува буресто валчестото лежиште со CC дизајн со самоводечки валчиња. Има 20% помало триење од претходните буресто валчести лежишта.
  • 1986 СКФ ја купува MRC Bearings од САД. СКФ Steel AB и Финската Ovako Oy Ab се интегрираа во Ovako Steel AB каде СКФ има 50% сопственост.
  • 1988 СКФ ја купува Австриската компанија за лежишта, Steyr Walzlager Ges.m.b.H и Британската компанија AMPEP plc. Почнува со работа СКФ колеџот за инженери.
  • 1990 СКФ го купува Chicago Rawhide (CR), американски производител на семеринзи.
  • 1991 Ovako AB се дели на два дела помеѓу поранешните сопственици, AB СКФ и Metra Oy Ab. Шведскиот дел од старата компанија сега е под раководство на СКФ и е со име Ovako Steel AB.
  • 1993 Претставен беше склопот-лежиште со главчина за автомобили кој користи ABS систем за кочници.
  • 1994 Се отвора централен магацин во Tongeren, Белгија - Европски Дистрибутивен Центар (EDC - European Distribution Centre) на СКФ.
  • 1995 Формирана е фирма со заедничко вложување помеѓу Beijing Naknou СКФ Railway Bearings Co Ltd и дел од China Railways. СКФ промовираше целосно нов концепт на валчесто лежиште - тороидно валчесто лежиште CARB . СКФ има 90 фабрики, 44 000 вработени од кои 84% се вработени надвор од Шведска.
  • 1997 Се формираат нови фирми со заеднички вложувања, се купуваат нови фабрики за производство на лежишта, се создаваат нови партнерства. СКФ добива награда за заштита на животната средина, односно го добива сертификатот ISO 14001 - менаџмент на животната средина.
  • 1999 Претставена е нова генерација на буресто валчести лежишта - Explorer. Промовирана е Edorsia.com - купување на лежишта преку Интернет.
2000 Bogie системот за мониторинг на локомотиви е промовиран, а исто така и новиот бежичен сензорски систем за мониторинг на вибрациите кај ротирачката опрема. Од страна СКФ Service Division е претставен концептот IMS (Integrated Maintenance Solutions).